463255
60
Zoom out
Zoom in
Vorherige Seite
1/64
Nächste Seite
56 57
WS 21-180 WS 21-180+ WS 21-230 WS 21-230+ WS 21-230 GVX
WS 21-230 EGVX
..... 2100 W ............ 2100 W .......... 2100 W ...............2100 W ..............2100 W
..... 1350 W ............ 1350 W .......... 1350 W ...............1350 W ..............1350 W
..... 8500 (min
-1
) ...... 8500 (min
-1
) .... 6600 (min
-1
) ........6600 (min
-1
) .......6600 (min
-1
)
....... 180 mm ............180 mm .......... 230 mm...............230 mm .............230 mm
..... M 14 ................ M 14 .............. M 14 ...................M 14 .................M 14
........ 4,7 kg ............... 4,7 kg ............. 4,9 kg ..................4,9 kg ................5,1 kg
......... 94 dB(A) .......... 94 dB(A) ......... 94 dB(A) .............94 dB(A) ............94 dB(A)
....... 105 dB(A) ........ 105 dB(A) ...... 105 dB(A) ...........105 dB(A) ..........105 dB(A)
........ 7,0 m/s
2
............ 7,0 m/s
2
.......... 6,5 m/s
2
...............6,5 m/s
2
.............5,5 m/s
2
........ 1,5 m/s
2
............ 1,5 m/s
2
.......... 1,5 m/s
2
...............1,5 m/s
2
.............1,5 m/s
2
.....< 2,5 m/s
2
......... < 2,5 m/s
2
....... < 2,5 m/s
2
............< 2,5 m/s
2
..........< 2,5 m/s
2
........ 1,5 m/s
2
............ 1,5 m/s
2
.......... 1,5 m/s
2
...............1,5 m/s
2
.............1,5 m/s
2
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Определен внес .........................................................
Излез ...........................................................................
Макс. брзина без оптоварување ...............................
Дијаметар на дискот за глодање ..............................
Срце на работната оска ............................................
Тежина без кабел .......................................................
Информација за бучавата/вибрациите
Измерените вредности се одредени согласно
стандардот EN 60 745.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок.
(K = 3 dB(A))
.....................
Ниво на јачина на звук.
(K = 3 dB(A))
..........................
Носте штитник за уши.
Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на
трите насоки) пресметани согласно EN 60745.
Типично очекувани нивоа на звук. Вибрациска емисиона вредност ah .....
Несигурност К.............................................................................................................
Мазнење со хартија за шмирглање: Вибрациска емисиона вредност ah .
Несигурност К
....................................................................
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите
безбедносни упатства и инструкции. Заборавање на
почитувањето на безбедносните упатства и инструкции
можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или
тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции
за во иднина.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Заеднички безбедносни упатства за брусење, мазнење со
хартија за шмирглање, за работа со четки со жица и за
брусење со делење
a) Овој електро‑алат треба да се употребува како
шлајферица, шлајферица со хартија за шмирглање, четка
со жица и машина за брусење со делење. Почитувајте ги
сите безбедносни упатства, упатства за работа, прикази и
податоци што ги добивате заедно со електричниот алат.
Доколку не ги почитувате следните упатства, може да дојде до
електричен удар, до пожар и/или до тешки повреди.
б) Не се препорачува, со овој уред да се извршуваат
полирачки работи. Реализацијата на работни операции, за
кои апаратот не е наменет, предизвикува ризици што со себе
можат да повлечат сериозни повреди за луѓето.
в) Не употребувајте прибор што не е предвиден и
препорачан од производителот специјално за овој
електро‑алат. Доколку извесен прибор можете да го
прицврстите на вашиот електричен алат, тоа не претставува
гаранција за сигурно употреба.
г) Дозволениот број на вртежи на приборот мора да биде
најмалку толку голем колку што е максималниот број на
вртежи зададен на електро‑алат. Приборот што се врти
побргу од дозволеното, може да се скрши и разлета.
д) Надворешниот дијаметар и дебелината на приборот
мора да соодветствуваат со податоците за димензиите на
вашиот електро‑алат. Приборите со несоодветна димензија
не можат да бидат соодветно заштитени или контролирани.
ѓ) Дисковите за брусење, фланшовите, дисковите
(подножјата за брусење) или друг прибор мора прецизно
да соодветствуваат на осовината на вашиот електро‑алат.
Приборот што не одговара прецизно во осовината на електро-
алатот, се врти нерамномерно, вибрира мошне јако и може да
доведе до губење на контролата.
е) Не употребувајте оштетен прибор. Пред секоја употреба
извршете контрола, како на пример на дисковите за
брусење по однос на расцепи и пукнатини, на подножјата
за брусење по однос на пукнатини, изабаност или голема
искористеност, на четките со жици по однос на лабави
или скршени жици. Ако електро‑алатот или приборот
паднат, проверете, дали тие се оштетени или употребете
неоштетен прибор. Ако приборот сте го провериле и го
употребувате, тогаш вие и лицата, кои се наоѓаат во
близина, треба да бидете вон доменот на ротирачкиот
прибор и оставете го приборот да работи една минута со
максимален број на вртежи. Оштетениот прибор најчесто се
крши во овој тест-период.
ж) Носете опрема за лична заштита. Зависно од
употребата, користете целосна визуелна заштита, заштита
за очите или заштитни очила. Доколку е потребно, носете
маска за заштита од прашина, заштита за ушите, заштитни
ракавици или специјална престилка, со која се
заштитувате од ситни честички од шлајфувањето и од
материјалот. Очите треба да бидат заштитени од страни тела
што се разлетуваат наоколу, а кои настануваат при различни
употреби. Заштита маска од прашина и за дишење мора да ја
филтрираат прашината што се создава при работата. Доколку
сте подолго време изложени на гласна бучава, тоа може да
предизвика губење на слухот.
з) Кај лицата што стојат во близина внимавајте на тоа да
се почитува безбедно растојание од вашиот делокруг на
работа. Секој што ќе пристапи во делокругот на работа,
мора да носи опрема за лична заштита. Можат да се
разлетаат парчиња од работниот материјал или од скршен
прибор и да предизвикаат повреди, исто така и надвор од
директниот делокруг на работа.
ѕ) Фаќајте го електро‑алатот само на изолирани површини
за држење, додека извршувате работи, кај кои приборот
може да погоди сокриени струјни водови или сопствениот
кабел за напојување со струја. Контактот со водови што
спроведуваат напон, става и метални делови од електро-
апаратот под напон и доведува до електричен удар.
и) Кабелот за напојување со струја чувајте го настрана од
прибор што се врти. Доколку ја изгубите контролата над
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN 60745
и може да биде употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за привремена
проценка на оптоварувањето на осцилацијата.
Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се
употребува за други намени, со отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да
отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период.
За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто
апаратот е исклучен или работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на
осцилацијата за време на целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример:
одржување на електро-алатот и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните
процеси.
МАКЕДОНСКИ
електро-алатот, кабелот за напојување со струја може да се
исече или да се закачи и вашата рака или вашата дланка да
бидат повлечени во приборот што се врти.
ј) Никогаш не оставајте го електро‑алатот, додека тој не
постигне состојба на комплетно мирување. Електро-алатот
што се врти може да дојде во контакт со површината, на
којашто се остава, а на тој начин можете да ја изгубите
контролата над електро-алатот.
к) Не оставајте го електро‑алатот да работи додека го
носите. Вашата облека може да биде закачена преку случаен
контакт со приборот што се врти, при што тој може да навлезе
во вашето тело.
л) Редовно чистете го отворот за проветрување на вашиот
електро‑алат. Вентилаторот на моторот влече прашина во
куќиштето, а големо насобирање на метална прашина може
да предизвика електрични опасности.
љ) Не употребувајте го електро‑алатот во близина на
материјали што горат. Таквите материјали можат да се
запалат од искри.
м) Не употребувајте прибор, за којшто се потребни течни
средства за ладење. Употребата на вода или на други течни
средства за ладење може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и референтни безбедносни упатства
Повратниот удар претставува неочекувана реакција како
последица на заглавен или блокиран прибор што се врти, како
на диск за брусење, подножје за брусење, четка со жица итн.
Заглавувањето или блокирањето доведува до неодложно
стопирање на ротирачкиот прибор. На тој начин
неконтролираниот електро-алат се забрзува во спротивна
насока од насоката на вртење на приборот во точката на
спојување.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или блокиран
во материјалот, работ на дискот за брусење што навлегува во
материјалот, може да се закачи и на тој начин да дојде до
излегување на дискот или да се предизвика повратен удар. Во
таков случај дискот за брусење се движи или кон операторот
или настрана од него, зависно од насоката на вртење на
дискот во точката на спојување. Притоа дисковите за брусење
можат исто така и да се скршат.
Повратен удар претставува последица од погрешна или
неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да биде
избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како што се
опишани подолу.
а) Држете го електро‑алатот цврсто и поставете ги вашето
тело и вашите раце во позиција, со која ќе можете да
дадете отпор на силите од повратиот удар. Секогаш
употребувајте ја додатната рачка, доколку постои, за да
можете да имате максимална можна контрола над силите
од повратниот удар или на моментите на реакција при
пуштање во работа. Операторот може да ги контролира
силите на повратниот удар и реакционите сили со преземање
соодветни мерки на претпазливост.
б) Никогаш не поставувајте ја вашата рака во близина на
прибор што се врти. Во случај на повратен удар, приборот
може да биде исфрлен врз вашата рака.
в) Избегнувајте го со вашето тело местото, во кое електро‑
алатот се движи во случај на повратен удар. Повратниот
удар го води електро-алатот во спротивна насока од насоката
на движење на дискот за брусење на местото за спојување.
г) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови
итн. Спречувајте ситуации, во кои приборот се одбива од
и заглавува во материјалот за обработка. Кај агли, остри
рабови или во случај на одбивање ротирачкиот прибор е
склон кон заглавување. Тоа предизвикува губење на
контролата или повратен удар.
д) Не употребувајте ланчан диск или забест диск за
сечење. Таквиот прибор честопати предизвикува повратен
удар или губење на контролата над електро-алатот.
Специјални безбедносни упатства за шлајфување и
шлајфување со делење
a) Употребувајте ги исклучително алатите за брусење што
се одобрени за вашиот електро‑алат како и заштитната
капа што е предвидена за таквите алати за брусење. Алати
за брусење, коишто не се предвидени за електро-алатот, не
можат да бидат доволно заштитени и се несигурни.
б) Секогаш употребувајте ја заштитната капа што е
предвидена за употребуваниот тип на алат за брусење.
Заштитната капа мора да биде сигурно поставена на
електро‑алатот и да биде така нагодена, што ќе се
постигне максимално ниво на безбедност, тоа значи
најмал дел од алатот за брусење да е насочен кон
операторот. Заштитната капа треба да го штити операторот
од парчиња и од случаен контакт со телото за брусење.
в) Телата за брусење смеат да се употребуваат само за
препорачаните можности за употреба. На пример: никогаш
не брусење со страничната површина од диск за делење.
Дисковите за делење се наменети за отстранување на
материјал со работ на дискот. Дејството на странична сила
врз овие тела за брусење може да ги скрши истите.
г) Секогаш употребувајте за дисковите за брусење што сте
ги одбрале неоштетени фланши за стегање, со исправна
големина и форма. Соодветните фланши го заштитуваат
дискот за брусење и на тој начин ја намалуваат опасноста од
кршење на дискот за брусење. Фланшите за дискови за
делење можат да се разликуваат од фланшите за други
дискови за брусење.
д) Не употребувајте искористени дискови за брусење од
поголеми електро‑алати. Дисковите за брусење за поголеми
електро-алати не се погодни за повисоките броеви на вртежи
кај помалите електро-алати и можат да се скршат.
Други специјални безбедносни упатства за брусење со
делење:
а) Избегнувајте заглавување на дискот за делење или
премногу висок контактен притисок. Не изведувајте
претерано длабоки засеци. Преоптоварувањето на дискот за
делење го зголемува неговиот напор и чувствителноста за
извртување или блокирање, а со тоа и на можноста за
повратен удар или за кршење на телото за брусење.
б) Избегнувајте го доменот пред и зад ротирачки диск за
делење. Доколку дискот за делење го движите во материјалот
за обработка во насока подалеку од себе, во случај на
повратен удар електро-алатот со дискот што се врти, може да
се насочи директно кон вас.
в) Доколку дискот за делење се заглави или доколку
прекинете со работа, исклучете го електро‑алатот и
држете го мирно сè додека дискот не постигне состојба на
мирување. Никогаш не обидувајте се, да го извлечете
дискот од засекот додека се врти, во спротивно може да
дојде до повратен удар. Констатирајте и отстранете ја
причината за заглавувањето.
г) Не вклучувајте го електро‑алатот повторно, сè додека
истиот се наоѓа во материјалот за обработка. Дозволете
дискот да го достигне целиот број на вртежи, пред
внимателно да го продолжите сечењето. Во спротивно
дискот може да заглави, да отскокне од материјалот за
обработка или да предизвика повратен удар.
д) Потпрете ги плочите или големите материјали за
обработка, за да го намалите ризикот од повратен удар
како резултат на заглавен диск за делење. Големи
материјали за обработка може да свијат како последица на
својата тежина. Материјалот за обработка мора да биде
потпран на двете страни и тоа како во близина на засекот за
делење така и на работ.
ѓ) Бидете особено внимателни при „сечење џебови“ кај
ѕидови или во други непрегледни области. Дискот што
навлегува може да предизвика повратен удар при сечење во
гасоводи или водоводи, понатаму во електрични водови или
други објекти.
Специјални безбедносни упатства за мазнење со хартија
за шмирглање:
a) Не употребувајте прекудимензионирани листови за
мазнење. Следете ги податоците на производителот по
однос на големината на листот за мазнење. Листови за
шмирглање што зјаат надвор од подлогата за мазнење, можат
да предизвикаат повреди како и блокирање, кинење на
листовите или да доведат до повратен удар.
МАКЕДОНСКИ
60

Brauchen Sie Hilfe? Stellen Sie Ihre Frage.

Forenregeln

Missbrauch melden von Frage und/oder Antwort

Libble nimmt den Missbrauch seiner Dienste sehr ernst. Wir setzen uns dafür ein, derartige Missbrauchsfälle gemäß den Gesetzen Ihres Heimatlandes zu behandeln. Wenn Sie eine Meldung übermitteln, überprüfen wir Ihre Informationen und ergreifen entsprechende Maßnahmen. Wir melden uns nur dann wieder bei Ihnen, wenn wir weitere Einzelheiten wissen müssen oder weitere Informationen für Sie haben.

Art des Missbrauchs:

Zum Beispiel antisemitische Inhalte, rassistische Inhalte oder Material, das zu einer Gewalttat führen könnte.

Beispielsweise eine Kreditkartennummer, persönliche Identifikationsnummer oder unveröffentlichte Privatadresse. Beachten Sie, dass E-Mail-Adressen und der vollständige Name nicht als private Informationen angesehen werden.

Forenregeln

Um zu sinnvolle Fragen zu kommen halten Sie sich bitte an folgende Spielregeln:

Neu registrieren

Registrieren auf E - Mails für AEG WS 21-180+ wenn:


Sie erhalten eine E-Mail, um sich für eine oder beide Optionen anzumelden.


Das Handbuch wird per E-Mail gesendet. Überprüfen Sie ihre E-Mail.

Wenn Sie innerhalb von 15 Minuten keine E-Mail mit dem Handbuch erhalten haben, kann es sein, dass Sie eine falsche E-Mail-Adresse eingegeben haben oder dass Ihr ISP eine maximale Größe eingestellt hat, um E-Mails zu erhalten, die kleiner als die Größe des Handbuchs sind.

Ihre Frage wurde zu diesem Forum hinzugefügt

Möchten Sie eine E-Mail erhalten, wenn neue Antworten und Fragen veröffentlicht werden? Geben Sie bitte Ihre Email-Adresse ein.



Info