592621
190
Zoom out
Zoom in
Vorherige Seite
1/255
Nächste Seite
190 | Македонски
1 609 92A 0XZ | (3.9.14) Bosch Power Tools
Монтажа
Избегнувајте невнимателно вклучување на
електричниот апарат. За време на монтажата и при
сите интервенции на електричниот апарат, струјниот
приклучок не смее да се приклучува на напојување
на струја.
Обем на испорака
Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од
испорачаната опрема.
Пред првата употреба на електричниот апарат, дали сите
долу наведени делови се испорачани:
Пила за сечење на метал со монтиран лист за пилата
Внатрешен шестаголен клуч/крстест одвртувач 12
Напомена: Проверете дали електричниот апарат има
оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот апарат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат,
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена сервисна
работилница.
Фиксна или флексибилна монтажа
За да се овозможи безбедно ракување,
електричниот апарат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика A)
Зацврстете го електричниот апарат со соодветни
шрафови на работната површина. За тоа служат
отворите 23.
Флексибилна инсталација (не се препорачува!)
Доколку, во поединечни случаи, не е возможно
електричниот апарат да се монтира цврсто на работна
површина, може да ги монтирате ногарките на масата за
пила 25 на соодветна подлога (на пр. работна клупа,
рамен под), без да го зацврстувате електричниот апарат.
Менување на листови за пилата
(види слики B1B4)
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Активирајте ја блокадата на вретеното 3 само доколку
вретеното на алатот е во состојба на мирување.
Инаку
електричниот апарат може да се оштети.
При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
Употребувајте само листови за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен апарат.
Користете само листови за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само листови за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен апарат и со погодни за
материјалот што сакате да го обработувате.
Вадење на листот од пилата
Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
(види „Отклучување на електричниот апарат (работна
позиција)“, страна 191)
Олабавете ги шрафовите за прицврстување 26
(околу 2 вртења) со крстест одвртувач 12.
Не ги отшрафувајте целосно шрафовите.
Олабавете ги шрафовите за прицврстување 27
(околу 6 вртења) со крстест одвртувач 12.
Не ги отшрафувајте целосно шрафовите.
Притиснете на лостот за фиксирање 1 и навалете ја
заштитната хауба со повратен механизам 4 до крај
нагоре.
На крај повлечете ја наназад заштитната хауба со
повратен механизам 4 заедно со заштитната плоча 21
од шрафот за прицврстување 27, додека не се задржи
заштитната хауба со повратен механизам со болцните-
водилки 28 во држачот 22.
–Свртете го инбус шрафот 29 со испорачаниот
внатрешен шестаголен клуч 12 и истовремено
притиснете ја блокадата за вретеното 3 додека не се
вклопи.
Држете ја притисната блокадата на вретеното 3 и
одвртете го шрафот 29 во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
Извадете ја стезната прирабница 30.
Извадете го листот за пилата 31.
Монтирање на листот за пилата
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна
прирабница 32.
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот за пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитната хауба!
Поставете ја стезната прирабница 30 и шрафот 29.
Притиснете ја блокадата на вретеното 3 додека не се
вклопи и зацврстете го шрафот во правец на стрелките
на часовникот.
Повторно олабавете ја блокадата на вретеното 3. По
потреба, извлечете го копчето нагоре со рака.
Притиснете на лостот за фиксирање 1 и повторно
вметнете ја заштитната хауба со повратен механизам 4
заедно со заштитната плоча 21 под шрафот за
прицврстување 27.
OBJ_BUCH-1938-002.book Page 190 Wednesday, September 3, 2014 9:24 AM
190

Brauchen Sie Hilfe? Stellen Sie Ihre Frage.

Forenregeln

Missbrauch melden von Frage und/oder Antwort

Libble nimmt den Missbrauch seiner Dienste sehr ernst. Wir setzen uns dafür ein, derartige Missbrauchsfälle gemäß den Gesetzen Ihres Heimatlandes zu behandeln. Wenn Sie eine Meldung übermitteln, überprüfen wir Ihre Informationen und ergreifen entsprechende Maßnahmen. Wir melden uns nur dann wieder bei Ihnen, wenn wir weitere Einzelheiten wissen müssen oder weitere Informationen für Sie haben.

Art des Missbrauchs:

Zum Beispiel antisemitische Inhalte, rassistische Inhalte oder Material, das zu einer Gewalttat führen könnte.

Beispielsweise eine Kreditkartennummer, persönliche Identifikationsnummer oder unveröffentlichte Privatadresse. Beachten Sie, dass E-Mail-Adressen und der vollständige Name nicht als private Informationen angesehen werden.

Forenregeln

Um zu sinnvolle Fragen zu kommen halten Sie sich bitte an folgende Spielregeln:

Neu registrieren

Registrieren auf E - Mails für Bosch GCD 12 JL Professional wenn:


Sie erhalten eine E-Mail, um sich für eine oder beide Optionen anzumelden.


Das Handbuch wird per E-Mail gesendet. Überprüfen Sie ihre E-Mail.

Wenn Sie innerhalb von 15 Minuten keine E-Mail mit dem Handbuch erhalten haben, kann es sein, dass Sie eine falsche E-Mail-Adresse eingegeben haben oder dass Ihr ISP eine maximale Größe eingestellt hat, um E-Mails zu erhalten, die kleiner als die Größe des Handbuchs sind.

Ihre Frage wurde zu diesem Forum hinzugefügt

Möchten Sie eine E-Mail erhalten, wenn neue Antworten und Fragen veröffentlicht werden? Geben Sie bitte Ihre Email-Adresse ein.



Info