786517
97
Zoom out
Zoom in
Vorherige Seite
1/135
Nächste Seite
Македонски | 97
За вадење одн. ставање на заштитата за топлина(4)
исклучете ја дувалката и оставете ја да се излади.
За побрзо ладење можете да ја оставите дувалката за
топол воздух кратко да работи со најниско поставена
температура.
Исклучување на дувалката за топол воздух
Поставете ја дувалката за топол воздух на работна
површина(1) за да се излади или за да ви се слободни
двете раце за работа.
uРаботете особено внимателно со оставената
дувалка за топол воздух! Можете да се изгорите на
жешките млазници или на жешкиот проток на воздух.
Поставете ја дувалката за топол воздух на рамна стабилна
површина. Бидете сигурни дека не може да се преврти.
Осигурете го кабелот надвор од вашиот работен простор
така што дувалката за топол воздух нема да може да го
преврти или повлече надолу.
При подолго некористење исклучете ја дувалката и
извадете го струјниот приклучок.
Примери за работа (видисликиA–G)
Слики со примери за работењето може да најдете на
графичките страници.
Растојанието на млазниците до делот што се обработува
зависи од материјалот што се обработува (метал,
пластика итн.) и наменетиот вид на обработка.
Оптималната температура за односната примена може да
се одреди со практичен обид.
Секогаш прво направете тест на количината на воздух и
температурата. Секогаш започнувајте со поголемо
растојание и понизок степен на јачина. По потреба
прилагодете го растојанието и степенот на јачина.
Доколку не сте сигурни каков материјал обработувате
или какво е влијанието на топлиот воздух врз
материјалот, тогаш тестирајте го влијанието на покриено
место.
Во сите примери за работа, освен „Отстранување на боја
од рамка на прозорец“ можете да работите без опрема.
Сепак користењето на предложените делови опрема ја
поедноставува работата и го зголемува квалитетот на
резултатот.
За оваа дувалка за топол воздух можете да ги користите
сите млазници, коишто се достапни кајBosch како
опрема.
uВнимание при промена на млазниците! Не ја
допирајте врелата млазница. Оставете ја дувалката
да се олади и носете ракавици при промената.
Можете да се изгорите на жешките млазници.
За побрзо ладење можете да ја оставите дувалката за
топол воздух кратко да работи со најниско поставена
температура.
Отстранување на лак/вадење на лепак (видисликаA)
Поставете ја плоснатата млазница(6) (опрема).
Омекнете го кратко лакот со топол воздух и подигнете го
со чиста шпатула. Долгото затоплување ќе го изгори
лакот и ќе го отежни отстранувањето.
Повеќето средства за лепење омекнуваат од топлината.
Кога лепакот е загреан може да ги одвоите споевите или
да го отстраните вишокот лепак.
Отстранување на лак од рамки на прозорци
(видисликаB)
uНеопходно е да користите млазница за заштита на
стаклото (7) (опрема). Постои опасност од кршење
на стаклото.
На профилираните површини може да го подигнете лакот
со соодветна шпатула и да го исчеткате со мека жичана
четка.
Одмрзнување на водоводи (видисликаC)
uПред загревањето проверете, дали всушност се
работи за водовод. Водоводите честопати не може да
се разликуваат од гасоводите по надворешниот
изглед. Гасоводите не смеат да се загреваат во никој
случај.
Поставете ја аголната млазница(8) (опрема).
Замрзнатите места секогаш загревајте ги по можност во
правец од одводот кон доводот.
Пластичните цевки и споевите помеѓу деловите од
цевката треба да се загреваат со особена претпазливост,
за да се избегнат оштетувања.
Преобликување на пластични цевки (видисликаD)
Поставете рефлекторската млазница(9) (опрема).
Наполнете ги пластичните цевки со песок и затворете ги
од двете страни, за да спречите прекршување на цевката.
Внимателно и рамномерно затоплувајте ја цевката со
странични движења од сите страни.
Заварување на пластика (видисликаE)
Поставете ја редуцирната млазница(12) и папучата за
заварување(11) (двете од опремата). Делот што ќе се
заварува и жицата за заварување(10) (опрема) мора да
бидат од ист материјал (на пр. двете од PVC). Работ на
заварување мора да биде чист и немасен.
Затоплувајте го местото на заварување, сè додека не
стане тестесто. Внимавајте на тоа дека границата на
температура помеѓу тестеста и течна состојба на
пластиката е многу мала.
Ставете ја жицата за заварување(10) и вдлабнете ја во
процепот, така што ќе се создаде рамномерно
испакнување.
Меко лемење (видиF)
За точкасто лемење поставете ја редуцирната млазница
(12), а за лемење на цевки рефлекторската млазница(9)
(двете од опремата).
Доколку користите лем без течно средство, додадете
маст или паста за лемење на местото на лемење.
Затоплете го местото за лемење и залемете. Лемот мора
да се стопи со делување на температурата на делот што
се обработува.
Доколку е потребно, откако ќе се излади местото на
лемење, отстранете го течното средство.
Bosch Power Tools 1 609 92A 7NF | (28.04.2022)
97

Brauchen Sie Hilfe? Stellen Sie Ihre Frage.

Forenregeln

Missbrauch melden von Frage und/oder Antwort

Libble nimmt den Missbrauch seiner Dienste sehr ernst. Wir setzen uns dafür ein, derartige Missbrauchsfälle gemäß den Gesetzen Ihres Heimatlandes zu behandeln. Wenn Sie eine Meldung übermitteln, überprüfen wir Ihre Informationen und ergreifen entsprechende Maßnahmen. Wir melden uns nur dann wieder bei Ihnen, wenn wir weitere Einzelheiten wissen müssen oder weitere Informationen für Sie haben.

Art des Missbrauchs:

Zum Beispiel antisemitische Inhalte, rassistische Inhalte oder Material, das zu einer Gewalttat führen könnte.

Beispielsweise eine Kreditkartennummer, persönliche Identifikationsnummer oder unveröffentlichte Privatadresse. Beachten Sie, dass E-Mail-Adressen und der vollständige Name nicht als private Informationen angesehen werden.

Forenregeln

Um zu sinnvolle Fragen zu kommen halten Sie sich bitte an folgende Spielregeln:

Neu registrieren

Registrieren auf E - Mails für Bosch GHG 20-60 wenn:


Sie erhalten eine E-Mail, um sich für eine oder beide Optionen anzumelden.


Das Handbuch wird per E-Mail gesendet. Überprüfen Sie ihre E-Mail.

Wenn Sie innerhalb von 15 Minuten keine E-Mail mit dem Handbuch erhalten haben, kann es sein, dass Sie eine falsche E-Mail-Adresse eingegeben haben oder dass Ihr ISP eine maximale Größe eingestellt hat, um E-Mails zu erhalten, die kleiner als die Größe des Handbuchs sind.

Ihre Frage wurde zu diesem Forum hinzugefügt

Möchten Sie eine E-Mail erhalten, wenn neue Antworten und Fragen veröffentlicht werden? Geben Sie bitte Ihre Email-Adresse ein.



Info