786323
280
Zoom out
Zoom in
Vorherige Seite
1/395
Nächste Seite
280 | Македонски
заштитниот држач () и навалете го наназад ().
Извлечете го поклопецот(27) од заштитната хауба(8)
().
Поклопец за сечење од пластика
Ставете го поклопецот за сечење(27) од пластика на
заштитната хауба за брусење(8) (види сликаC).
Поклопецот(27) се вклопува звучно и видливо на
заштитната хауба(8).
За демонтирање (види сликаD) отклучете го
поклопецот(27) на заштитната хауба(8) () лево или
десно и извлечете го поклопецот ().
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка
водилка
Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки(19) се
монтира како заштитна хауба за брусење.
Со прицврстување на дополнителната рачка(6)/(32) низ
заштитниот држач на хаубата за всисување до менувачот,
електричниот алат е цврсто поврзан со хаубата за
всисување. На хаубата за всисување со лизгачки
водилки(19) може да се поврзе соодветен Bosch-
всисувач за прав. За таа цел, ставете го цревото за
всисување со адаптерот за всисување во предвидените
делови за вметнување на хаубата за всисување.
Напомена: Триењето предизвикано од прашината во
цревото за всисување и додатоците за време на
всисувањето предизвикува електростатичко полнење
што корисникот може да го доживее како статичко
празнење (во зависност од факторите на животната
средина и неговата физиолошка состојба). Bosch
генерално препорачува употреба на антистатичко црево
за всисување (додаток) за всисување фина прашина и
суви материјали.
Заштита за дланките
uСекогаш монтирајте ја заштитата за раце кога
работите со гумениот брусен диск(22) или со
лончестата четка/конусната четка/дијамантската
крунеста бургија (21).
Прицврстете ја заштитата за рацете(21) со
дополнителната рачка(6)/(32).
Стандардна-дополнителна рачка/дополнителна рачка
за придушување на вибрациите
Навртете ја дополнителната рачка(6)/(32) од десно или
од лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
uКористете го вашиот електричен алат само со
дополнителна рачка (6)/(32).
uНе продолжувајте со работа со електричниот алат,
ако дополнителната рачка (6)/(32) е оштетена. Не
вршете промени на дополнителната рачка(6)/(32).
Дополнителната рачка за
придушување на
вибрациите(32)овозможу
ва работење со мали
вибрации и пријатна и безбедна работа.
Монтирање на брусни алати
uПред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
uНе ги допирајте брусните плочи и дисковите за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење (18) и сите делови за
монтирање.
За зацврстување и олабавување на брусните алати
притиснете го копчето за блокирање на вретеното (2), за
да го зацврстите вретеното за брусење.
uПритиснете го копчето за блокирање на вретеното
само кога вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот алат може да се
оштети.
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење
внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на
дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја
стрелката за правец на вртење на куќиштето).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Напомена: при монтирање на композитни брусни плочи
или дискови за сечење со помош на испорачаната
приклучна прирабница(10) и затегнувачката
навртка(15) одн. брзозатезната навртка(16) употребата
на меѓуслоеви не е потребна.
За прицврстување на брусната плоча/дискот за сечење
ставете ја приклучната прирабница со O-прстен(10) на
вретеното за брусење(18) и завртете ја затезната
навртка(15). Внимавајте на усогласувањето на затезната
навртка(15) во зависност од употребената брусна плоча/
диск за сечење (видете ги сликите во предниот дел од
упатството за употреба), и затегнете ја со клучот со два
отвори (види „ Брзозатезна навртка “,
Страница281).
uПо монтажата на алатот за брусење, пред
вклучувањето, проверете дали тој е точно
монтиран и дали може слободно да се врти.
Проверете дали алатот за брусење не струга на
заштитната хауба или другите делови.
Во приклучната прирабница (10) околу
венецот за центрирање е ставен пластичен
дел (O-прстен). Доколку недостига O-
прстенот или е оштетен, приклучната
прирабница (10) мора да се замени пред
понатамошна употреба.
1 609 92A 7AL | (30.03.2022) Bosch Power Tools
280

Brauchen Sie Hilfe? Stellen Sie Ihre Frage.

Forenregeln

Missbrauch melden von Frage und/oder Antwort

Libble nimmt den Missbrauch seiner Dienste sehr ernst. Wir setzen uns dafür ein, derartige Missbrauchsfälle gemäß den Gesetzen Ihres Heimatlandes zu behandeln. Wenn Sie eine Meldung übermitteln, überprüfen wir Ihre Informationen und ergreifen entsprechende Maßnahmen. Wir melden uns nur dann wieder bei Ihnen, wenn wir weitere Einzelheiten wissen müssen oder weitere Informationen für Sie haben.

Art des Missbrauchs:

Zum Beispiel antisemitische Inhalte, rassistische Inhalte oder Material, das zu einer Gewalttat führen könnte.

Beispielsweise eine Kreditkartennummer, persönliche Identifikationsnummer oder unveröffentlichte Privatadresse. Beachten Sie, dass E-Mail-Adressen und der vollständige Name nicht als private Informationen angesehen werden.

Forenregeln

Um zu sinnvolle Fragen zu kommen halten Sie sich bitte an folgende Spielregeln:

Neu registrieren

Registrieren auf E - Mails für Bosch GWS 11-125 P wenn:


Sie erhalten eine E-Mail, um sich für eine oder beide Optionen anzumelden.


Das Handbuch wird per E-Mail gesendet. Überprüfen Sie ihre E-Mail.

Wenn Sie innerhalb von 15 Minuten keine E-Mail mit dem Handbuch erhalten haben, kann es sein, dass Sie eine falsche E-Mail-Adresse eingegeben haben oder dass Ihr ISP eine maximale Größe eingestellt hat, um E-Mails zu erhalten, die kleiner als die Größe des Handbuchs sind.

Ihre Frage wurde zu diesem Forum hinzugefügt

Möchten Sie eine E-Mail erhalten, wenn neue Antworten und Fragen veröffentlicht werden? Geben Sie bitte Ihre Email-Adresse ein.



Info