786195
191
Zoom out
Zoom in
Vorherige Seite
1/273
Nächste Seite
Македонски | 191
погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот
електричен алат.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
uПо автоматското исклучување на електричниот
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата (види сликаA)
За да ја извадите батеријата (4) притиснете на копчињата
за отворање (5) и извлечете ја батеријата од
електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
LED светилки Капацитет
Трајно светло 3x зелено 60 – 100%
Трајно светло 2x зелено 30 – 60%
Трајно светло 1x зелено 10 – 30%
Бавно трепкање на светлото 1x зелено 0 – 10%
Монтирање на заштитен уред
uПред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на
работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати
во сервисната служба, за адресата погледнете во делот
„Сервисна служба и совети при користење“.
Заштитен капак за брусење
uПри брусење, секогаш користете го заштитниот
капак за брусењето(7).
Заштитна хауба за сечење
uПри сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
(10).
uПри сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Монтирање на заштитната хауба (види сликаB)
Ставете ја заштитната хауба за сечење (10) на заштитната
хауба за брусење (7), додека цврсто не налегне.
Поставување на заштитната хауба (види сликаB)
Вртете ја заштитната хауба во посакуваната позиција
додека не налегне. За тоа не е потребен никаков алат.
Монтирање на брусни алати
uПред било каква интервенција на електричниот
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
uНе ги допирајте брусните плочи и дисковите за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење (8) и сите делови за
монтирање.
За затегнување или олабавување на брусните алати,
притиснете го нанапред копчето за заклучување на
вретеното (2) и истовремено вртете на брусниот алат, за
да го фиксирате вретеното за брусење.
uПритиснете го копчето за блокирање на вретеното
само кога вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот алат може да се
оштети.
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење
внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на
дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја
стрелката за правец на вртење на куќиштето).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
За олабавување на брусната плоча/дискот за сечење
притиснете го нанапред копчето за заклучување на
вретеното (2) и истовремено вртете на алатот за брусната
плоча/дискот за сечење (12), за да го фиксирате
брусното вретено (8) (види сликаC1).
Со помош на клуч со внатрешна шестаголна глава (13)
отстранете ја затезната завртка со подлошка (11) и
извадете ја брусната плоча/дискот за сечење (12) (види
сликаC2).
За прицврстување на брусната плоча/дискот за
сечење завртете ја затезната завртка со подлошка (11).
Затегнувајте ја завртката со клуч со внатрешна
шестоаголна глава (13) додека подлошката не легне
рамно на брусната плоча/дискот за сечење (12) (види
сликаC3).
Потоа повторно турнете го копчето за заклучување на
вретеното (2) наназад (види сликаC4).
Bosch Power Tools 1 609 92A 6PJ | (12.07.2021)
191

Brauchen Sie Hilfe? Stellen Sie Ihre Frage.

Forenregeln

Missbrauch melden von Frage und/oder Antwort

Libble nimmt den Missbrauch seiner Dienste sehr ernst. Wir setzen uns dafür ein, derartige Missbrauchsfälle gemäß den Gesetzen Ihres Heimatlandes zu behandeln. Wenn Sie eine Meldung übermitteln, überprüfen wir Ihre Informationen und ergreifen entsprechende Maßnahmen. Wir melden uns nur dann wieder bei Ihnen, wenn wir weitere Einzelheiten wissen müssen oder weitere Informationen für Sie haben.

Art des Missbrauchs:

Zum Beispiel antisemitische Inhalte, rassistische Inhalte oder Material, das zu einer Gewalttat führen könnte.

Beispielsweise eine Kreditkartennummer, persönliche Identifikationsnummer oder unveröffentlichte Privatadresse. Beachten Sie, dass E-Mail-Adressen und der vollständige Name nicht als private Informationen angesehen werden.

Forenregeln

Um zu sinnvolle Fragen zu kommen halten Sie sich bitte an folgende Spielregeln:

Neu registrieren

Registrieren auf E - Mails für Bosch GWS 12V-76 wenn:


Sie erhalten eine E-Mail, um sich für eine oder beide Optionen anzumelden.


Das Handbuch wird per E-Mail gesendet. Überprüfen Sie ihre E-Mail.

Wenn Sie innerhalb von 15 Minuten keine E-Mail mit dem Handbuch erhalten haben, kann es sein, dass Sie eine falsche E-Mail-Adresse eingegeben haben oder dass Ihr ISP eine maximale Größe eingestellt hat, um E-Mails zu erhalten, die kleiner als die Größe des Handbuchs sind.

Ihre Frage wurde zu diesem Forum hinzugefügt

Möchten Sie eine E-Mail erhalten, wenn neue Antworten und Fragen veröffentlicht werden? Geben Sie bitte Ihre Email-Adresse ein.



Info