786319
313
Zoom out
Zoom in
Vorherige Seite
1/437
Nächste Seite
Македонски | 313
температури при брусењето отколку вообичаените
брусни плочи.
Површинско брусење со брусен диск
uПри работењето со гумен диск за брусење (25)
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (24).
Брусењето со брусен диск може да се изврши без
заштитна хауба.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Навртете ја тркалезната навртка(27) и затегнете ја со
клуч со два отвори.
Лончеста четка/плочеста четка/конусна четка
uПри четкањето со плочеста четка секогаш
користете ја заштитната хауба за брусење(9).
Четкањето со лончеста четка/конусна четка може
да се изврши без заштитна хауба.
uПри работењето со лончеста или конусна четка
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете(24).
uЖиците на плочестите четки може да се заглават на
заштитната хауба и да се скршат ако се надминат
максимално дозволените димензии на плочестите
четки.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Лончестата/конусната/плочестата четка со навој M14
мора да се наврти на вретеното за брусење додека
цврсто не налегне на прирабницата на вретеното за
брусење на крајот на навојот на вретеното за брусење.
Затегнете ја лончестата/конусната/плочестата четка со
вилушкаст клуч.
За прицврстување на плочестата четка со дијаметар
22,22mm ставете ја приклучната прирабница со O-
прстен(12) на вретеното за брусење(23), завртете ја
тркалезната навртка(27) и затегнете ја со клучот со два
отвори.
Сечење на метал
uЗа сечење на метал со композитен диск за сечење
или со дијамантски диск за сечење секогаш
користете ја заштитната хауба за сечење(10) одн.
заштитната хауба за брусење(9) со монтиран
поклопец за сечење(11).
uПри употребата на заштитна хауба за брусење(9)
за сечење со композитен диск за сечење постои
голем ризик да бидете изложени на искри и
честички како и делови од дискот при кршење на
дискот.
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со
умерено поместување нанапред по материјалот. Не
правете притисок на брусната плоча за сечење, не
навалувајте и не осцилирајте.
Не ги блокирајте брусните плочи за сечење што
излегуваат со страничен противпритисок.
Електричниот алат
секогаш мора да се води
во спротивен правец на
движење. Инаку постои
опасност, тој
неконтролирано да се
истисне од резот. При
сечење на профили и
четириаголни цевки,
најдобро е да поставите на
најмалиот пресек.
Сечење на камен
uЗа сечење на метал со композитен диск за сечење
или со дијамантски диск за сечење за камен/бетон
секогаш користете ја хаубата за всисување при
сечење со лизгачки водилки(32) или заштитната
хауба за сечење(10) или заштитната хауба за
брусење (9) со монтиран поклопец за сечење(11).
uПри сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
uНосете маска за заштита од прав.
uЕлектричниот алат смее да се користи само за
сечење/брусење на суви материјали.
uПри употребата на заштитна хауба за сечење(10),
заштитната хауба за брусење(9) или заштитната
хауба за брусење(9) со монтиран поклопец за
сечење(11) за сечење и брусење во бетон или
ѕидни конструкции, постои зголемена изложеност
на прашина и зголемен ризик од губење контрола
над електричниот алат, што може да доведе до
повратен удар.
За сечење на камен најдобро е да употребите
дијамантска брусна плоча за сечење.
При користење на хаубата за всисување за сечење со
лизгачки водилки (32) всисувачот на прав мора да биде
дозволен за всисување на правта од каменот. Bosch ги
нуди соодветните всисувачи на прав.
Вклучете го електричниот
алат и поставете го со
предниот дел на
лизгачките водилки на
делот што се обработува.
Поместувајте го
електричниот алат со
умерено движење по
материјалот што се
обработува.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон
со чакал, дијамантскиот диск за сечење може да се
прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи
околу дијамантскиот диск за сечење јасно укажува на
тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и
оставете го кратко дијамантскиот диск за сечење во
празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.
Bosch Power Tools 1 609 92A 6A0 | (11.02.2022)
313

Brauchen Sie Hilfe? Stellen Sie Ihre Frage.

Forenregeln

Missbrauch melden von Frage und/oder Antwort

Libble nimmt den Missbrauch seiner Dienste sehr ernst. Wir setzen uns dafür ein, derartige Missbrauchsfälle gemäß den Gesetzen Ihres Heimatlandes zu behandeln. Wenn Sie eine Meldung übermitteln, überprüfen wir Ihre Informationen und ergreifen entsprechende Maßnahmen. Wir melden uns nur dann wieder bei Ihnen, wenn wir weitere Einzelheiten wissen müssen oder weitere Informationen für Sie haben.

Art des Missbrauchs:

Zum Beispiel antisemitische Inhalte, rassistische Inhalte oder Material, das zu einer Gewalttat führen könnte.

Beispielsweise eine Kreditkartennummer, persönliche Identifikationsnummer oder unveröffentlichte Privatadresse. Beachten Sie, dass E-Mail-Adressen und der vollständige Name nicht als private Informationen angesehen werden.

Forenregeln

Um zu sinnvolle Fragen zu kommen halten Sie sich bitte an folgende Spielregeln:

Neu registrieren

Registrieren auf E - Mails für Bosch GWS 17-150 S wenn:


Sie erhalten eine E-Mail, um sich für eine oder beide Optionen anzumelden.


Das Handbuch wird per E-Mail gesendet. Überprüfen Sie ihre E-Mail.

Wenn Sie innerhalb von 15 Minuten keine E-Mail mit dem Handbuch erhalten haben, kann es sein, dass Sie eine falsche E-Mail-Adresse eingegeben haben oder dass Ihr ISP eine maximale Größe eingestellt hat, um E-Mails zu erhalten, die kleiner als die Größe des Handbuchs sind.

Ihre Frage wurde zu diesem Forum hinzugefügt

Möchten Sie eine E-Mail erhalten, wenn neue Antworten und Fragen veröffentlicht werden? Geben Sie bitte Ihre Email-Adresse ein.



Info