ВНИМАНИЕ! Времето за сечкање или мешање може да се менува со оглед на количината состојки во
бокалот; наведените траења се само како основа.
Прирачни совети за употреба на
апаратот
• Ако во сос за месо настанат грутчиња или ако
сос врз основа на јајца се сплеска, можете да
ги спасите со кратко мешање во сечкалката.
• Храна која имате намера да ја додадете во
сечкалката, нарежете ја на коцки (со страница
приближно 2 до 3 сантиметри); така смесата
ќе биде порамномерна.
• Никогаш да не го наполните бокалот на
сечкалката преку означеното ниво.
• За ефикасно мешање, односно сечкање суви
состојки можеби ќе морате да го прекините
работењето на апаратот и состојките со
лопатче да ги истружите од страниците на
бокалот и ги вратите на дното.
• Кога приготвувате пире од зеленчук или
овошје, варено или сурово, нарежете ги
состојките на мали парчиња, да го олесните
работењето на апаратот.
• Кога мешате различни состојки, најпрвин
додајте течност, а потоа уште суви состојки.
• Секогаш уверите се дека во овошјето нема
коски и дека во месото нема коски, бидејќи тие
можат да ги оштетат сечилата.
• Во сечкалката не мешајте жешки течности.
Почекајте жешките течности да се оладат,
пред да ги додадете во сечкалката.
• Кога приготвувате пире од топли состојки,
секогаш овозможите проветрување на бокалот
на сечкалката. Тоа ќе го направите така да
откако ја задвижите сечкалката, отстраните ја
мерката од капакот на бокалот.