10
внимание и надзор кога апаратот се
користи од деца. Овој апарат не е
играчка. Не е дозволено деца да го
чистат или одржуваат апаратот без
надзор.
21. Предупредување: за дополнителна
заштита, ние препорачуваме да
инсталирате заштитен уред на
диференцијална струја (FID) на
струјно коло со рејтинг на
диференцијалната струја од не
повеќе 30 mA. Ве молиме
контактирајте со професионален
електричар во врска со ова.
22. Користете го овој апарат во
согласност со целите за кои е
наменет а кои се опишани во
упатството.
23. Апаратот не е наменет за
комерцијална употреба во
фризерски салони.
Општ опис
1. Керамички плочки
2. ЛЕД индикатор за температурата
3. On/off копче за вклучување/исклучување
4. Копчиња за подесување на температурата: мин. 150 °C
– макс. 230 °C
5. Копче за заклучување/отклучување на апаратот
6. Јамка за закачување со ротационен мрежен кабел
Употреба
1. Пред употреба, косата треба да биде сува и исчешлана.
2. Да ја заклучите и отклучите пеглата за коса, притиснете
го копчето со симбол на клуч.
3. За време на употреба, не користете лесно запаливи
супстанци за да избегнете незгоди.
4. Функцијата за јонизација ќе се активира автоматски кога
апаратот ќе се вклучи.
5. Не вклучувајте го апаратот пред најпрвин да го
отклучите.
6. За да го вклучите и исклучите апаратот, притиснете го
копчето I/0.
7. За да ја подесите температурата, последователно
притискајте на копчето + за зголемување на
температурата или на копчето – за намалување на
температурата.
8. Избраната температура се прикажува на ЛЕД
индикаторот.
9. Кога пеглата за коса ќе ја достигне посакуваната
температура, цртичките на индикаторот ќе запрат со
треперење.
10. Започнете со најниска температура.
11. За коса со тенко влакно препорачуваме температура
помеѓу 150 °C и 170 °C; за коса со средна дебелина на
влакното, препорачуваме температура помеѓу 170 °C и
200 °C; за густа коса препорачуваме температура
помеѓу 200 °C и 230 °C.
12. За време на употреба, не допирајте ги плочките или
деловите од пеглата кои се во близина на плочките со
цел да избегнете изгореници.
13. Пеглајте ја косата постепено, прамен по прамен.
14. Поминете со пеглата за коса по целиот прамен без да
се задржувате.
15. Не се препорачува исправање (или пеглање) на косата
повеќе од два пати на исто место односно ист прамен
бидејќи ова може да ја оштети косата.
16. Пред складирање на апаратот уверете се дека е
целосно оладен.
17. Секогаш исклучете го апаратот од електричната мрежа
кога ќе завршите со употреба или пред да го поставите
на работната површина. Чувајте го апаратот на суво
место подалеку од дофат на деца.
Одржување & чистење
Пред да започнете со чистење, исклучете го апаратот од
електричната мрежа и оставете го да се олади. Не
потопувајте го апаратот во вода и не чистете го под млаз
вода. Не користете абразивни средства за чистење За да го
продолжите векот на користење на моторот ви
препорачуваме редовно чистење на прашината и
нечистотиите кои се собираат на плочките. Избришете го
куќиштето на апаратот со влажна крпа.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
На крајот на векот на користење на апаратот ве молиме не
фрлајте го апаратот заедно со другиот комунален отпад од
домаќинството. Наместо тоа, однесете го во овластен центар
за рециклирање на отпад. Со ова, вие допринесувате во
зачувување на животната средина. Кога апаратот е при крај
на векот на користење погрижете се да го отстраните
односно да не го користите повторно. Одложете го апаратот
како отпад на соодветен начин. Контактирајте со локалните
овластени институции за можностите за отстранување на
уредот и неговата амбалажа на отпад.
Овој апарат е означен во согласност со европската
директива 2012/19/EЗ за отпад од електрична и
електронска опрема – WEEE. Директивата ги
прецизира условите за прибирање и управување со
отпад од електрична и електронска опрема кои
важат за целата Европска Унија.
ГАРАНЦИЈА И ПОПРАВКИ
За повеќе информации или во случај на проблем, ве молиме
контактирајте го Центарот за грижа за корисници на Горење
во вашата земја (телефонскиот број е наведен во
Меѓународниот Гарантен Лист). Во случај да не постои таков
центар во вашата земја, ве молиме контактирајте го
локалниот дилер на Горење или одделот за мали апарати за
домаќинството на Горење.
ГОРЕЊЕ
ВИ ПОСАКУВА МНОГУ ЗАДОВОЛСТВА ПРИ УПОТРЕБА
НА ОВОЈ АПАРАТ
Го задржуваме правото на воведување на измени во
упатството.