729000
10
Zoom out
Zoom in
Vorherige Seite
1/30
Nächste Seite
10
Складирање предмети со универзален капак:
1. избришето го работ на теглата, за да
биде сув.
2. ставете го капакот на теглата
3. Притиснете го и држете го
притиснато копчето за вклучување за
да вакуумирате околу 30 секунди, а
потоа отпуштете го копчето за да престанете со
вакуумирање.
Полнење
1. Кога моторот работи слабо, тоа значи дека батеријата
треба да се наполни. Ве молиме правете го тоа согласно
следниот процес:
2. Вклучете го УСБ кабелот во приклучокот на држачот на
полначот и приклучете го мобилниот полнач (5.1VDC
2.0A) и УСБ кабелот во ѕидниот штекер. Црвената
сијаличка на индикаторот ќе светне.
3. Обично се потребни 3-4 часа батеријата да се наполни
до крај и тогаш индикаторот станува зелен. Времето на
полнење варира поради разните ситуации во кои се
користи.
4. Додека трае полнењето, нормално е полначот и
неговата основа да се загреат.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
5. Уредот мора да се полни со соодветен полнач со напон
од 5.1VDC 2.0A.
6. Никогаш не користете оштетен или модификуван
полнач.
7. Не оставајте го уредот да се полни подолго од 24 часа.
8. Доколку уредот не се користи подолго од шест месеци,
препорачуваме батеријата да се полни подолго.
Совети за најдобро вакуумирање
1. Постојат голем број предмети кои не се храна, а кои
може да се чуваат под вакуум. Вака можете да ги
чувате предметите за кампување, како кибрити,
прибори за прва помош и облека чисти и суви. Вака
можете да ги чувате сигналните светла за итни
случаи со автомобилот подготвени. Вака може да им
го сочувате сјајот на сребрените и вредните
предмети.
2. Не оставајте премногу воздух во кесата. Притиснете
ја кесата за вишокот воздух да излезе од неа пред да
ја вакуумирате. Премногу воздух во кесата го
зголемува оптоварувањето на вакуум-пумпата и
може да доведе до тоа моторот да нема доволно
сила да го извлече целиот воздух од кесата!
3. Не вакуумирајте предмети со остри врвови, како
рибји коски и цврсти лушпи! Острите предмети може
да ја продупчат и да ја искинат кесата!
4. За време на вакуумирањето, мали количини
течности, трошки или парчиња храна може да
случајно навлезат во отворот за надворешно
смукање, при тоа задушувајќи ја пумпата и
оштетувајќи го вашиот апарат.
5. За да го спречите тоа, следете ги овие совети:
a) За влажна и сочна храна, како сирово месо:
Најпрво замрзнете го и не преполнувајте ја кесата.
Пред да почнете со вакуумирањето, може да ставите
и превиткана хартиена салвета на горниот дел од
кесата, но под вентилот.
b) За супи, сосови и течности: најпрво замрзнете ги,
па потоа вакуумирајте ги; вакуумираната кеса или
сад со предметите чувајте ги во фрижидер.
c) За прашеста или ситнозрнеста храна: не
преполнувајте ја кесата или користете канистер.
Пред вакуумирањето, во внатрешноста може да
ставите и филтер за кафе или хартиена салвета.
6. За постигнување најдобри резултати, овошјето
замрзнете го, а зеленчукот бланширајте го пред да ги
вакуумирате.
7. Белешка: Препорачуваме да ги користите
оригиналните кеси за вакуумирање, капаците и
затворачите, за да постигнете совршено
вакуумирање.
8. ВАЖНО: За да не дојде до евентуално заболување,
не користете ги кесите повторно по складирање
свежо месо, риба или масна храна.
Одржување и чистење
Кога во основата за надворешно смукање има многу вода,
треба да се исчисти. Повлечете ја основата за
надворешно смукање кон надвор за да ја извадите,
измијте ја и исчистете ја. Сите уреди за вакуумирање
мијте ги во топла вода, со мек прашок за садови, но не
потопувајте го капакот во вода. Не може да се мие во
машина за садови. Помошните делови не може да се
користат во микро бранови печки или во фрижидер.
Не потопувајте го апаратот во вода и не чистете под
чешма. Не користете абразивни средства за чистење.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
На крајот од векот на употреба на апаратот, не фрлајте го
заедно со обичниот отпад од домаќинството. Однесете го во
овластен центар за рециклажа. Со тоа, помагате да се сочува
животната средина. Кога апаратот ќе стигне до крајот на
својот век на употреба, ве молиме онеспособете го, т.е.
осигурете се дека нема да може повторно да се користи.
Исфрлете го на соодветниот начин. Обратете се до вашите
локални власти во врска со можностите за одлагање на
отпадни апарати и амбалажа.
Овој апарат носи ознака во согласност со
Европската Директива 2012/19/ЕЗ за електричен и
електронски отпад WEEE. Во Директивата се
наведени барањата за собирање и управување со
електричен и електронски отпад кои се на сила во
целата Европска Унија.
ГАРАНЦИЈА И ПОПРАВКИ
За повеќе информации или во случај на проблеми, ве
молиме обратете се во кол-центарот на Горење во вашата
земја (телефонскиот број е наведен на страната
„Меѓународна гаранција“). Доколку во вашата земја не постои
таков центар, ве молиме обратете се до локалниот дилер на
Горење или на Службата за мали апарати за домаќинството
на Горење.
ГОРЕЊЕ ВИ ПОСАКУВА
МНОГУ ЗАДОВОЛСТВО ПРИ КОРИСТЕЊЕТО
НА ВАШИОТ УРЕД.
Го задржуваме правото на измени.
10

Brauchen Sie Hilfe? Stellen Sie Ihre Frage.

Forenregeln

Missbrauch melden von Frage und/oder Antwort

Libble nimmt den Missbrauch seiner Dienste sehr ernst. Wir setzen uns dafür ein, derartige Missbrauchsfälle gemäß den Gesetzen Ihres Heimatlandes zu behandeln. Wenn Sie eine Meldung übermitteln, überprüfen wir Ihre Informationen und ergreifen entsprechende Maßnahmen. Wir melden uns nur dann wieder bei Ihnen, wenn wir weitere Einzelheiten wissen müssen oder weitere Informationen für Sie haben.

Art des Missbrauchs:

Zum Beispiel antisemitische Inhalte, rassistische Inhalte oder Material, das zu einer Gewalttat führen könnte.

Beispielsweise eine Kreditkartennummer, persönliche Identifikationsnummer oder unveröffentlichte Privatadresse. Beachten Sie, dass E-Mail-Adressen und der vollständige Name nicht als private Informationen angesehen werden.

Forenregeln

Um zu sinnvolle Fragen zu kommen halten Sie sich bitte an folgende Spielregeln:

Neu registrieren

Registrieren auf E - Mails für Gorenje HVS 16WS wenn:


Sie erhalten eine E-Mail, um sich für eine oder beide Optionen anzumelden.


Das Handbuch wird per E-Mail gesendet. Überprüfen Sie ihre E-Mail.

Wenn Sie innerhalb von 15 Minuten keine E-Mail mit dem Handbuch erhalten haben, kann es sein, dass Sie eine falsche E-Mail-Adresse eingegeben haben oder dass Ihr ISP eine maximale Größe eingestellt hat, um E-Mails zu erhalten, die kleiner als die Größe des Handbuchs sind.

Ihre Frage wurde zu diesem Forum hinzugefügt

Möchten Sie eine E-Mail erhalten, wenn neue Antworten und Fragen veröffentlicht werden? Geben Sie bitte Ihre Email-Adresse ein.



Info