52
Ако Вашиот термостат е често вклучен,
повикајте ја службата на Gorenje.
Мелење месо – совети и
предупредувања
• Проверете дали оштриците од резачот се
свртени нанадвор.
• Проверете дали жлебот на дискот за
мелење влегува во испакнатиот дел
на куќиштето на резачот.
• Никогаш не користете замрзнато месо!
• Апаратот при употреба немојте да го
преоптеретувате така што во куќиштето ќе
ставите премногу месо.
• Исечете го месото на ленти долги 10
см и широки 2 см.
• Отстранете што повеќе коски, ‘рскавици и
тетиви.
• Припременото месо ставете го на
подлошка.
• Апаратот вклучете го со притискање на
копчето за вклучување/исклучување. 5 Со
потиснувачот полека потиснете го
месото во куќиштето на резачот.
• За бифтек два пати измелете го
месото со помош на средниот фин
диск за мелење.
Правење колбаси – совети и
предупредувања
Секогаш прво сомелете го месото.
• Проверете дали еден од жлебовите на
сепараторот одговара на испакнатиот дел
на куќиштето од резачот.
• Цревото за колбаси оставете да отстои 10
минути во млака вода. Потоа влажното
црево ставете го на цевката за колбаси.На
цевката немојте да го блокирате отворот
за воздух.
• Меленото месо ставете го на подлошката.
• Апаратот вклучете го со притискање на
копче за вклучување/исклучување.
• Меленото месо полека потиснете го во
куќиштето на резачот со помош на
потиснувачот.
• Ако цревото се заглави во цевката за
колбаси, намокрете го со вода.