12
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА МК
Општ опис
1. Кабел за напојување
2. Копче за избор на режимот на работа
3. Контролно светло
4. Копче за контрола на десна грејна плоча
5. Копче за контрола на лева грејна плоча
6. Копче за температурата во рерната
7. Десна грејна зона (грејна плоча)
8. Лева грејна зона (грејна плоча)
9. Рачка
10. Врата
11. База
12. Сад за печење
13. Решетка/држач за тава
14. Држач за решетка
Важно
Внимателно читајте го ова упатство за
употреба пред користење на овој апарат за прв
пат. Зачувајте го прирачникот доколку има
потреба од тоа во иднина.
Опасност
Топла пареа може да излегува од
рерната за време на работата.
Делови од мини шпоретот може да
развијат висока температура.
Постои опасност од изгореници и
пожар. Дефект во електричната
инсталација или висок напон може
да предизвика електричен шок.
Предупредување
Пред да го поврзете апаратот со
електричната мрежа, проверете
дали напонот кој е наведен на
долниот дел од апаратот е
сообразен со напонот во
домаќинството. Ако кабелот за
напојување е оштетен, тој може да
биде заменет само од Горење, од
овластен сервис и центар за
поправки, или од соодветно
обучено стручно лице.
Не користете го апаратот ако
приклучокот, мрежниот кабел, или