701632
139
Zoom out
Zoom in
Vorherige Seite
1/164
Nächste Seite
139
h) Не дозволувајте искуството стекнато со честа
употреба на алатите да ве направи спокојни и да
ги игнорирате безбедносните принципи при
неговото користење. Невнимателно движење
може да предизвика сериозни повреди во дел од
секунда.
4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАЊЕ СО
ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата
работа користете го предвидениот електричен
алат за таа употреба. Со соодветниот електричен
алат ќе работите подобро и посигурно во наведената
функционална област.
b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е
неисправен. Електричниот алат кој повеќе не може
да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се
поправи.
c) Исклучете го електричниот алат од струја и/или
извадете го комплетот со батерии, ако се
одделува, пред да правите некакви
прилагодувања, менувате дополнителна опрема
или да го складирате електричниот алат. Со овие
мерки на внимателност ќе се избегне
невнимателното вклучување на уредот.
d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите
од допирот на децата. Не допуштајте работа со
уредот на лица кои не се запознаени со него или
кои го немаат прочитано ова упатство.
Електричните алати се опасни доколку со нив
работат неискусни лица.
e) Одржувајте го електричниот алат и
дополнителната опрема. Имајте контрола околу
тоа дали движечките делови на уредот работат
беспрекорно и дали не се заглавени, дали
деловите се скршени или оштетени до таа мерка
што не може да се обезбеди функционирање на
уредот. Пред примената, овие оштетени делови
треба да се поправат. Причина за многу незгоди е
лошо одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив работата
ќе биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,
треба да ги користите според овие упатства, и на
начин кој е опишан за соодветниот тип на уред.
При тоа, земете ги предвид работните услови и
работата која се извршува. Употребата на
електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
h) Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините
за држење што се лизгаат не овозможуваат
безбедно ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНА РАБОТА СО ЦИРКУЛАРНА
ПИЛА
1) ПОСТАПКИ ЗА СЕЧЕЊЕ
a) ОПАСНОСТ: Држете ги рацете подалеку од
областа за сечење и од сечилото. Држете ја
другата рака на помошната рачка или на
куќиштето за моторот. Ако двете раце ја држат
пилата, не може да бидат исечени со сечилото.
b) Не посегнувајте под материјалот кој го
обработувате. Заштитниот механизам не може да
ве штити од сечило под работниот простор.
c) Длабочината на сечењето подесете ја на
дебелината на работниот простор. Под работниот
простор треба да се гледа помалку од цел забец на
сечилото.
d) Никогаш не држете го парчето за работа во раце
или преку нога. Обезбедете стабилна површина
за парчето за работа. Важно е да имате стабилна
потпора во текот на работа за да се намали
изложување на телото, контакт со сечивото или
загуба на контролата.
e) Фаќајте го електричниот апарат само за
изолираните рачки, кога извршувате работи
каде алатот за сечење може да дојде во контакт
со инсталации или со сопствениот кабел.
Контактот со електрична инсталација исто така ги
прави изложените метални делови на алатот
наелектризирани и може да доведе до струен удар.
f) При сечење, секогаш користете заштитна ограда
или механизам за заптита на рамни рабови. Така
ќе ја подобрите прецизноста на сечењето и ќе го
намалите ризикот од заглавување на сечилото.
g) Секогаш користете сечила со соодветна
големина и облик за отворите во вретеното
(облик на дијамант или круг). Сечилата кои не се
соодветни со хардветор за поставување на пилата,
неправилно ќе се вртат и ќе предизвикаат губење на
контрола.
h) Никогаш не користете оштетени или неисправни
запчаници или резиња за сечила. Запчаниците и
резињата за сечила се посебно дизајнирани за
вашата пила, заради оптимални перформанси и
безбедност при ракување.
2) ПРИЧИНИ ЗА ПОВРАТЕН УДАР И ПОВРЗАНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Повратниот удар претставува изненадна реакција на
пробивање, удар или лошо порамнето сечило на
пилата, кој предизвикува неконтролирано мрдање
на пилата од местото на работата и подигнување кон
оној кој ракува со пилата
Кога сечилото ќе пробие или силно ќе удри за време
на затворање на засекот, сечилото застанува и
моторот забрзано ја води единицата кон оној кој
ракува со апаратот
Доколку сечилото се вовлече навнатре или не е
порамнето со површината која се сече, запците на
задниот раб на сечилото може да се забијат во
горната површина на дрвото и да предизвикаат
дигање на сечилото од засекот и отскокнување кон
оној кој ракува со алатот
139

Brauchen Sie Hilfe? Stellen Sie Ihre Frage.

Forenregeln

Missbrauch melden von Frage und/oder Antwort

Libble nimmt den Missbrauch seiner Dienste sehr ernst. Wir setzen uns dafür ein, derartige Missbrauchsfälle gemäß den Gesetzen Ihres Heimatlandes zu behandeln. Wenn Sie eine Meldung übermitteln, überprüfen wir Ihre Informationen und ergreifen entsprechende Maßnahmen. Wir melden uns nur dann wieder bei Ihnen, wenn wir weitere Einzelheiten wissen müssen oder weitere Informationen für Sie haben.

Art des Missbrauchs:

Zum Beispiel antisemitische Inhalte, rassistische Inhalte oder Material, das zu einer Gewalttat führen könnte.

Beispielsweise eine Kreditkartennummer, persönliche Identifikationsnummer oder unveröffentlichte Privatadresse. Beachten Sie, dass E-Mail-Adressen und der vollständige Name nicht als private Informationen angesehen werden.

Forenregeln

Um zu sinnvolle Fragen zu kommen halten Sie sich bitte an folgende Spielregeln:

Neu registrieren

Registrieren auf E - Mails für Skil 1054 wenn:


Sie erhalten eine E-Mail, um sich für eine oder beide Optionen anzumelden.


Das Handbuch wird per E-Mail gesendet. Überprüfen Sie ihre E-Mail.

Wenn Sie innerhalb von 15 Minuten keine E-Mail mit dem Handbuch erhalten haben, kann es sein, dass Sie eine falsche E-Mail-Adresse eingegeben haben oder dass Ihr ISP eine maximale Größe eingestellt hat, um E-Mails zu erhalten, die kleiner als die Größe des Handbuchs sind.

Ihre Frage wurde zu diesem Forum hinzugefügt

Möchten Sie eine E-Mail erhalten, wenn neue Antworten und Fragen veröffentlicht werden? Geben Sie bitte Ihre Email-Adresse ein.



Info