701698
127
Zoom out
Zoom in
Vorherige Seite
1/148
Nächste Seite
127
вртат слободно. Притиснете ги или исечете ги
разлабавените приврзани жици. Разлабавените
приврзани жици коишто се вртат може да се
заплеткаат меѓу прстите или да го удираат
предметот на кој што работите.
d) Не користете дополнителна опрема којашто
производителот на алатот специфично не ја
наменува или препорачува. Само заради тоа што
одредена дополнителна опрема може да се прикачи
на алатот, тоа не значи дека ќе обезбеди безбедна
работа.
e) Номиналната брзина на дополнителната опрема
мора ба биде барем еднаква на максималната
брзина посочена на алатот. Дополнителната
опрема којашто работи побргу од номиналната
брзина може да се откачи.
f) Надворешниот дијаметар и дебелината на
дополнителната опрема мора да бидат во
рамките на капацитетот посочен на алатот.
Несоодветната големина на дополнителната опрема
не може соодветно да се обезбедува и контролира.
g) Поставувањето на дополнителната опрема со
протнување мора да се совпаѓа со нишката на
ободот на брусилката. Кај дополнителната
опрема што се поставува со крилца, целиот
отвор на опремата мора да се вклопува во
дијаметарот на крилцето каде што ќе се постави.
Дополнителната опрема којашто не соодветствува
на елементот за поставување кај алатот нема да
работи рамномерно, ќе вибрира прекумерно и може
да предизвика да ја загубите контролата.
h) Не користете оштетена дополнителна опрема.
Проверете ја дополнителната опрема пред
секоја употреба за да утврдите дали
абразивните тркала содржат парчиња и
пукнатини, дали потпорните подлошки имаат
пукнатини, дали челичните четки имаат
разлабавени или скинати жици. Ако алатот или
дополнителната опрема паднат, проверете дали
се оштетиле или ставете неоштетена
дополнителна опрема.. По проверката и
поставувањето на дополнителната опрема,
поставете се подалеку од опсегот на
ротирачката дополнителна опрема, потоа
вклучете го алатот на максималната брзина да
работи една минута без оптоварување.
Оштетената дополнителна опрема обично ќе се
откачи во текот на овој период за проверка.
i) Носете лична опрема за заштита. Зависно од
употребата, носете заштита за лице,
безбедносни очила или заштитна маска. Ако е
соодветно, носете маска за прашина, заштита за
уши, ракавици или престилка што имаат
капацитет да ги застануваат ситните абразивни
честички или остатоци од работата. Заштитата за
очи мора да овозможува застанување на
разлетаните остатоци од работата при разни
операции. Маската за прашина или респираторот
мора да имаат капацитет за филтрирање на честички
коишто се генерираат при работата. Продолжено
изложување на голема бучава може да го оштети
слухот.
j) Стојте настрана на безбедно растојание од
областа за работа. Секој што ќе пристапи до
областа за работа мора да носи лична опрема за
заштита. Честичките од работата или од скршена
дополнителна опрема може да одлетаат и да
предизвикаат повреда подалеку од областа за
работа.
k) Поставете го кабелот подалеку од
дополнителната опрема којашто се врти. Ако
изгубите контрола, кабелот може да се пресече или
се попречи и раката или дланката може да се
повлечат кон дополнителната опрема којашто се врти.
l) Никогаш не оставајте го алатот додека
дополнителната опрема не се смири во целост.
Опремата којашто се врти може да се закачи за
површината и да ја изгубите контролата врз алатот.
m) Не вклучувајте го алатот додека го носите
отстрана. Случајниот контакт со дополнителната
опрема којашто се врти може да се заплетка во
облеката и да го повлече алатот кон телото.
n) Редовно чистете ги отворите за вентилација на
алатот. Вентилаторот на моторот вовлекува прашина
во куќиштето, а прекумерната акумулација на иситнет
метал може да предизвика електричен удар.
o) Не работете со алатот близу запаливи
материјали. Искрите може да ги запалат овие
материјали.
p) Не користете дополнителна опрема којашто бара
течни разладувачи. Употребата на вода или други
течни разладувачи може да предизвикаат електричен
удар или смрт.
2) ПОВРАТЕН УДАР И ПОВРЗАНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Повратен удар е неочекувана реакција на потфатено
или заглавено тркало, подлошка, четка или која било
друга дополнителна опрема. Потфаќањето или
заглавувањето предизвикуваат нагло попречување на
вртењето што предизвикува алатот врз кој веќе
немате контрола да се потисне во правец обратен од
ротацијата на опремата кај точката на поврзување.
На пример, ако абразивното тркало се потфати или
заглави со остаток од работата, работ на тркалото
којшто навлегува во потфатената област може да се
закопа во површината на материјалот и со тоа да
предизвика тркалото да се откачи или да ве бутне.
Тркалото може да отскокне кон или обратно од
ракувачот, зависно од правецот на движење на
тркалото во моментот на потфаќање. Абразивните
тркала може и да се скршат во овие услови.
Повратниот удар е резултат на неправилна употреба
на алатот и/или несоодветна работна постапка или
услови, а може да се избегне ако ги преземете
неопходните безбедносни мерки како што е посочено
подолу.
a) Одржувајте цврст зафат на алатот и поставете ги
телото и раката на тој начин со којшто ќе си
овозможите да ја издржите силата на повратниот
удар. Секогаш служете се со дополнителната
рачка ако се доставува за максимална контрола
врз повратниот удар или врз реакцијата од
моментот на обрт при вклучување. Ракувачот
може да ги контролира реакциите од моментот на
127

Brauchen Sie Hilfe? Stellen Sie Ihre Frage.

Forenregeln

Missbrauch melden von Frage und/oder Antwort

Libble nimmt den Missbrauch seiner Dienste sehr ernst. Wir setzen uns dafür ein, derartige Missbrauchsfälle gemäß den Gesetzen Ihres Heimatlandes zu behandeln. Wenn Sie eine Meldung übermitteln, überprüfen wir Ihre Informationen und ergreifen entsprechende Maßnahmen. Wir melden uns nur dann wieder bei Ihnen, wenn wir weitere Einzelheiten wissen müssen oder weitere Informationen für Sie haben.

Art des Missbrauchs:

Zum Beispiel antisemitische Inhalte, rassistische Inhalte oder Material, das zu einer Gewalttat führen könnte.

Beispielsweise eine Kreditkartennummer, persönliche Identifikationsnummer oder unveröffentlichte Privatadresse. Beachten Sie, dass E-Mail-Adressen und der vollständige Name nicht als private Informationen angesehen werden.

Forenregeln

Um zu sinnvolle Fragen zu kommen halten Sie sich bitte an folgende Spielregeln:

Neu registrieren

Registrieren auf E - Mails für Skil 1144 wenn:


Sie erhalten eine E-Mail, um sich für eine oder beide Optionen anzumelden.


Das Handbuch wird per E-Mail gesendet. Überprüfen Sie ihre E-Mail.

Wenn Sie innerhalb von 15 Minuten keine E-Mail mit dem Handbuch erhalten haben, kann es sein, dass Sie eine falsche E-Mail-Adresse eingegeben haben oder dass Ihr ISP eine maximale Größe eingestellt hat, um E-Mails zu erhalten, die kleiner als die Größe des Handbuchs sind.

Ihre Frage wurde zu diesem Forum hinzugefügt

Möchten Sie eine E-Mail erhalten, wenn neue Antworten und Fragen veröffentlicht werden? Geben Sie bitte Ihre Email-Adresse ein.



Info